Категории

Русин пропешачил 20.000 километри за да стигне во Рио: Дали знаете колку години му биле потребни?

Сергеј Лукјанов во просек секој ден поминувал помеѓу 50 и 60 километри.

Русинот Сергеј Лукјанов пропешачил 18.270 километри како би дошол во Рио де Жанеиро на Олимписките игри.

Тој на својот пат поминал низ повеќе континенти, а во просек секој ден поминувал помеѓу 50 и 60 километри. Сепак, неговото патување кое трае веќе 17 месеци можеби и се уште не е завршено.

– Во просек се движам по 50 до 60 километри на ден. Секако дека уште од мали нозе имав желба да го посетам Рио де Жанеиро. Читав книги и гледав слики за градот којшто уште на прв поглед ме воодушеви, изјавил Лукјанов.

Сергеј на своето патување тргнал од Санкт Петербург, на 1-ви април минатата година. А на својата авантура минал низ Кина, Казахстан, Виетнам, Лаос, Тајланд, Малезија и Сингапур, кадешто се качил на авион и одлетал во правец кон Јужна Америка, па така го минал Атлантскиот океан. После тоа слетал во главниот град на Чиле, антијаго, од кадешто повторно продолжил да оди во правец кон Рио.

Патот го навел и до Аргентина и Уругвај, пред да дојде до организаторот на овогодинешното издание на Олимписките игри.

Рускиот пензионер не би услеал да направи ваков зафат кога не би биле тука волонтерите коишто му помогнале за да го оствари својот сон и да помине толку голем пат – пешки. Некои му донирале авионска карта, некои му помогнале за полесно да добие виза, а и во секое место кадешто правел пауза имал каде да преспие и да јаде.

Лукјанов и не е само обичен пензионер. Тој е многу познат во Русија и како рекордер во одење на 100 километри, а таа дистанца ја има поминато пешки повеќе од 150 пати во својот живот.

Русинот планира да остане во Бразил сè до 18-ти август, бидејќи би сакал да исполни уште еден свој сон, а тоа е да ја запознае фудбалската легенда на Бразил, Пеле.

Па, што уште да додадеме, освен, секоја чест за овој човек!

Прегледи:
445
Категории:
Видео · Секојдневие
Објавено на:
12.08.2016