Категории

Русите ќе го претстават првиот електричен авион досега

Рускиот вицепремиер Јуриј Борисов потврди дека Русија ќе го претстави првиот авион со електричен мотор на авио-шоуто МАКС 2021 од 20-25 јули во московскиот регион Жуковски.

Електричниот авион се заснова на принципот на суперспроводливост развиен од Рускиот централен институт за мотори на авиони (CIAM). Како што се наведува, овој иновативен електричен мотор се базира на високотемпературни суперпроводници со моќност од 500 kW, а тестовите започнаа на 5 февруари. Според извршниот директор на ЦИАМ, Михаил Гордин, ова е еден од најважните проекти во модерната авијација со цел решавање на низа технолошки проблеми со кои се соочува воздушниот сообраќај.

Развојот на овој проект е резултат на долгогодишно истражување и тестирање, а зад овој руски проект стојат стотици произведени прототипови и десетина тестирани и произведени примероци на мотори со различна моќност. Планирано е оваа нова технологија да се искористи за дизајнирање мотори и енергетски комплекси за целосно електрични авиони и хеликоптери, пишува Russia Today.

Прегледи:
648
Објавено на:
29.03.2021