Категории

Русите се капеа во ледените води за Богојавление

Речиси два милиона Руси традиционално ноќеска по полноќ се капеа во замрзнатите реки и езера во обредното прочистување, по повод православното одбележување на празникот Богојавление.

И покрај ниските температури кои паѓале до минус 16 Целзиусови степени во Екатеринбург, повеќе од 1,8 милиони луѓе скокнале во замрзнатите води, соопшти во министерството за вонредни ситуации.

„Го првам тоа секоја година, од советската ера. За мене тоа е стара традиција“, изјавил режисерот Алексеј Винс, измрзнат но насмеан, пренесува AFP.

Според православната традиција, треба трипати да се нурне во водата, во името на Отецот, Синот и Светиот дух, во знак на сеќавање на крштевањето на Исус во реката Јордан.

„Доколку немате храброст, или сте болни, можете само да го полиете лицето со вода или да ја испиете и одеднаш ќе се чувствувате подобро“, вели за агенцијата Ирина.

Во цела Русија беа подготвени околу 3.500 места за капење, а за безбедноста се ангажирани девет илјади припадници на министерството за вонредни состојби. Во Москва се очекува учество на повеќе од 140.000 луѓе на местата одбележани за обредот, кој започнува на полноќ меѓу 18 и 19 јануари и продолжува целиот ден.

Извор: Макфакс

Прегледи:
492
Објавено на:
19.01.2017