Категории

Руски пар толку биле воодушевени од Кеопсовата пирамида што решиле да си изградат своја во дворот

(ВИДЕО) Еден руски брачен пар откако биле на летување во Египет, останале толку фасцинирани од пирамидите па решиле да си изградат своја верзија на Кеопсовата пирамида од Гиза во својот двор, иако сеуште не е довршена тие велат дека наскоро планираат да изградат и египетски храм.

Откако летувале во Египет, брачниот пар Андреј и Викторија Вакрушева биле толку воодушевени од пирамидите па затоа одлучиле во своето село Истинка, недалеку од Санкт Петербург, да направат реплиа на пирамидите во Гиза. Бидејќи сакале да биде потполно автентична, направиле и подземни одаи и саркофаг.

Сопствениците на оваа необична пирамида отсекогаш биле воодушевени од древниот Египет и многу пати престојувале таму. Често до детали ги посматрале пирамидите и запишувале неопходни податоци.
После едно од тие патувања, одлучиле во својот двор да направат Кеопсова пирамида со размер 19:1.

Нивната пирамида е висока 9 метри, а бочни страни се долги 13 метри. За изградбата ан овој проект, кој сеуште не е довршен, до сега се вложени 400 тони бетон. Иако внатрешноста сеуште не е уредена до крај, сопствениците на љубопитните туристи им наплаќаат влез.

Прегледи:
768
Објавено на:
30.12.2020