Кога ја замислуваме подалечната еволуција на човекот, односно неговиот изглед во далечна иднина, често зборуваме за промена во висината, големината на мозокот и изгледот на кожата. Но, промените би можеле да бидат и посуптилни. Речиси па незабележителни промени во нашата сегашна анатомија покажуваат колку еволуцијата би можела да биде непредвидлива.
Научниците воочиле дека се повеќе луѓе имаат додатен крвен сад во рацете што спрема моменталните показатели за само неколку генерации би можело да стане вообичаена човечка карактеристика.
Стручњаци од универзитетот Флиндерс и Аделејд во Австралија забележале дека привремената артерија која произлегува во средината на нашите подлактици за време на нашиот развој во матката не настанува толку често како некогаш. Тоа значи дека се повеќе возрасни личности имаат додатен канал во циркулаторниот систем.
„Анатоми уште од 18 век проучувале преваленција на оваа артерија кај возрасните и во оваа студија откриле дека таа е очигледно зголемена“, вели анатомот Тиган Лукас од универзитетот Флиндерс.
„Оваа артерија после раѓањето ја имале околу 10% од луѓето во средината на 1880-тите во споредба со 30% кај оние родени кон крајот на 20 век. Поради тоа еволуциси гледано, се работи за значаен пораст и карактеристики во краток временски интервал.“, додава.
Медијалната артерија се формира кај сите луѓе во прилично раната фаза на развојот а служи за пренос на крв низ рацете со цел да се награнат растечките дланки. Отприлика околу осмата недела таа артерија обично исчезнува и го препушта кормилотоо на други два крвни садови – радијална и улнарна артерија.
За да ја утврдат сегашната преваленција на овој крвен канал, научниците од универзитето во Аделејд прегледале 80 видови лешеви на донатори од европско потекло кои биле родени во првата половина на 20 век. Со самото тоа ги споредиле бројките со претходните записи и откриле дека таа артерија денес е се почеста отколку повеќе од пред еден век.
Медијалната артерија би можела да биде еволуциски корисна затоа што допринесува до поголем проток на крв низ прстите и подлактицата.
Од друга страна, ако ја имаме оваа додатна артерија, исложени сме на поголем ризик на карпален канал, непријатна состојба која предизвикува тупост, болка и трнење во пределот на раката и прстите.