Категории

Сѐ што е кај нас чудно, во Јапонија е нормално: Факти кои ќе ве заинтригираат!

Оние кои биле во Јапонија велат дека тоа е сосема различен свет.

1. Каналите во Јапонија се толку чисти што во нив живеат и пливаат риби од видот Јапонски шаран.

Јапонија е позната по својата чистота, но јапонскиот шаран е риба која живее само во чисти води. Со обзир на тоа дека живее во одводните канали во Јапонија, сведочи за нивото на чистотија во оваа земја.

2. Луѓето кои имаат ситни лица, се сметаат за убави

 

View this post on Instagram

 

A post shared by NANAO1028 (@nanao_official) on


Ако ви кажат во Јапонија дека имате ситно лице, тоа е комплимент. Во една прилика водител на Мадона и кажал дека има убаво лице, а таа се збунила и одговорила: „Но имам големо срце!

3. Во Јапонија летно време се носи повеќе облека отколку во било која друга земја

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Roser Lloveras (@roser_lloveras) on


Дамите во Јапонија не сакаат да добијат рак. Наспроти високите температури, ќе ги видите како носат долги ракави или фустани кои го прикриваат телото. Жените во Јапонија водат сметка за своето здравје!

4. Само познатите личности во Јапонија носат очила за сонце

 

View this post on Instagram

 

A post shared by yuuukiiinaaa (@yuuukiiinaaa) on


Дури и ако е многу силно сонцето, Јапонците преферираат чадор пред очила за сонце. Тие ги сметаат за моден додаток кој го носат само познатите личности и странците.

5. Во Јапонија е дозволено сркањето храна

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ramen-Ya (@ramenyalb) on


Јапонците се исклучително културни луѓе, но кога станува збор за храната тие сакаат да сркаат – особено врели нудли. Тие сметаат дека вистинскиот вкус на храната може да се почувствува само со сркање.

6. Во Јапонија нема многу канти за ѓубре

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kaorin (@m_saclla) on


Туристите се збунети кога ќе видат дека во Јапонија нема многу канти за ѓубре со обзир на тоа дека се толку чиста нација. Меѓутоа, Јапонците сакаат да го носат своето ѓубре дома каде што го рециклираат правилно.

7. Јапонците со часови лежат во када со врела вода

Не, тоа не е класично капење, бидејќи тие уживаат во вода без сапун, купки и миризливи масла. Пред да се натопат во вода, тие се тушираат па потоа легнуваат во водата, за потоа повторно да се истушираат. Оваа вода се дели со останатите членови на семејството.

8. Наместо хороскоп, ќе ве прашаат која крвна група сте

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jess Z. (@hollyzsketches) on


Во Јапонија преку крвната група се одредува личноста. Крвната група А, на која и припаѓаат најголем дел од Јапонците, се смета за добро организирана и срамежлива. Крвната група 0 е оптимистична и амбициозна. Ретката крвна група АБ е ексцентрична. Крвната група Б е означена како себична.