„Сѐ што можеш да замислиш, можеш и да оствариш“
Пабло Пикасо
Еднаш една жена во средни години го запрашала Универзумот дали би му сметало да ја промени работата.
– Менувај, на здравје, – одговорил Универзумот.
– А дали е во ред што таму ќе заработувам помалку?
– Зошто да не. Само напред.
– Нема да се навредиш?
– Зошто би се навредил?
Жената се двоумела.
– Одамна посакувам да имам лабрадор. Можам ли?
– Секако! И мачка, ако сакаш.
Жената уште повеќе се зачудила. Се чинело дека разговорот не одел во правецот кој го посакувала.
– А ако престанам потполно да работам за плата во фирма и да почнам да работам за себе?
– Напред. Еве, твојата сосетка веќе долго време работи за себе.
– А ако изградам викендица?
– Гради.
– На голема парцела? Со двор, полн со јаболки и малини?
– Зошто да не? Можеш и цреши да засадиш.
Жената малку пребледела.
– Што ако почнам да трчам?
– Почни.
– А јога?
– Може.
– Исто така сакав да научам да цртам…
– Научи.
– И да пеам?
– Пеј.
Жената направила чекор наназад, воздивнала со грч во себе и со очај во гласот речиси викнала:
– Па, ако воопшто одлучам да одам оттука, што тогаш?
„Тогаш веројатно ќе отидеш“, одговорил Универзумот.
Жената гледала зашеметено. Бесцелно гледала околу себе додека мотала прамен од косата околу прстот.
„Кажи ми“, рекла после паузата. – Но, зошто порано ништо не ми дозволуваше?
Универзумот ја погледнал зачудено.
– ЈАС? Што сум јас крив? Самата на себе не си дозволуваше ништо половина живот, а сега мене ме обвинуваш.