Ништо не се случува случајно, сѐ е тоа живот. Некој дипломирал на 22, а се вработил дури на 27, некој докторирал веќе на 25, но умрел на 50. Додека некој дипломирал на 50, а живеел до 90.
Некои не ни студирале, а сега се милионери, некои имаат занат, но немаат способност да заработуваат. Постојат оние кои имаат партнер, но заљубени се во друг, исто како што постојат и оние кои се сакаат, а не се заедно. Секој на овој свет живее во склад со своето време.
Ви се чини дека луѓето кои ве опкружуваат секогаш одат пред вас, а ви се чини дека некои одат по вас, но секој постигнува некој свој успех во свое време.
Не им завидувајте, тие водат свој живот, а вие ваш. Опуштете се. Не доцнете никаде. Не сте стигнале прерано. Сѐ што се случува, се случува во вистинско време.