Категории

Сѐ во животот на оваа жена е во знакот на зелената боја!

Елизабет Росентал (75) е уметница од Њујорк на која зелената боја и е повеќе од омилена во последниве 20 години.

Од нејзината коса, шминка, облека, чевли… до украсите во својот дом – сѐ е зелено. За неа зелената боја е најпозитивна во светот и тврди дека не би можела да се замисли себе си во ниту една друга боја.

Во една фаза во нејзиниот живот се облекувала само во сукњи кои ги правела сама во стилот на 30-тите години, пред да премине на сива, розова, виолетова, сина и на крајот – зелена боја, која е единствената која не и се здосадила.

Нејзината страст кон зелената боја започнала кога и се допаднал еден зелен лак за нокти, а потоа опсесијата се проширила и на косата, шминката и облеката.

26eb3b11f2037081b0f0

“Тоа е најпозитивната боја во светот. Ме прави среќна. Некогаш ќе се разбудам со лошо расположение, но кога ќе се облечам и нашминкам во зелено, веднаш се чувствувам подобро. И другите луѓе ги прави среќни кога ќе ме видат, особено децата”, вели Елизабет.

“Одлично е да се излегува со неа. Луѓето и приоѓаат, се поздравуваат, се фотографираат и ја викаат ‘зелената дама'”, тврди нејзиниот сопруг и додава дека коментарите се секогаш позитивни.

45d9aec65228da4c6c500

Прегледи:
338
Ознаки:
· · ·
Објавено на:
07.12.2016