За сите љубители на пишаниот збор, наскоро започнува една од најзначајните културни манифестации која ги обединува издавачите од нашата земја и од регионот, 30-тиот по ред САЕМ НА КНИГАТА 2018.
Меѓународниот САЕМ НА КНИГАТА оваа година ќе се одржи во ВИП Арена „Борис Трајковски“, од 3-9 мај, 2018 година, со работно време од 10.00 до 20.00 часот. Оваа културна манифестација обезбедува широка програма на изложување, која вклучува:
– дела од домашни и странски автори;
– современи и класични литературни дела,
– стручна, научна и белетристичка литература;
– енциклопедии;
– дела од областа на културата и уметноста;
– книги за млади и деца;
– учебници и училишни прирачници и галантерија;
– канцелариски материјали, опрема за графичка индустрија, хартија и репроматеријали;
– современа опрема и прибор за училишта, факултети, просветни и истражувачки институти.
Во деновите на саемот, посетителите ги очекуваат бројни промоции, тематски средби и пригодни изложби, како и најновите изданија на домашните и странските издавачки куќи.
По повод 30-тото издание на САЕМОТ НА КНИГА, Издавачката куќа Култура доделува 30 книги во чии содржини ќе можат да уживаат среќните добитници. Искористете ја оваа можност да ја проширите својата домашна библиотека за уште една книга, следете ги на нивната фејсбук страна и уживајте „Во светот на книгите на Култура“ во спортскиот центар Борис Трајковски.