Категории

Сахара ќе биде покриена со зеленило по неколку милениуми

По 15.000 години се очекува Сахара да позелени, како дел од циклусот од 41 илјада години, кога пустината се претвора во савана. Причина за овие промени е осцилирањето на орбитата на Земјата околу Сонцето, и тоа ја менува местоположбата на тој предел, објаснуваат научници.

Сахара е најголема топла пустина во светот. Нејзините 9.200.000 километри квадратни може да се изедначат со површината на Кина или САД. Името Сахара доаѓа од арапскиот збор „сахра“ што значи пустина. Се наоѓа во Северна Африка, и се граничи со плодното Средоземноморско Крајбрежје, планината Атлас на северозапад и долината на Нил во Египет и Судан.

Постојано високата позиција на Сонцето, исклучително ниската влажност, недостатокот на растителен свет и дождови ја чинат Сахара најжешкото место на планетата. Просечната температура надминува 40 степени Целзиусови. Највисоката измерена температура на воздухот е 47 степени Целзиусови, додека онаа на песокот достигнува и над 80 степени Целзиусови.

Прегледи:
471
Објавено на:
19.06.2018