Категории

„Сакам да умрам, а тебе воопшто не ти е грижа“: Мајка објави видео од малтретирањето на нејзиниот син

„Се прашувате зошто децата се убиваат?“, вели мајката во видеото споделено од нејзиниот 9-годишен син Квејден кој постојано е малтретиран на училиште бидејќи е со џуџест раст.

„Носи ме веднаш оттука. Можам да се прободам сам во срцето. Дури и тебе воопшто не ти е грижа. Ништо не правиш“ вели со плачење нејзиниот син.

„Сакам да умрам сега. Сакам да ја удрам главата во стакло. Сакам некој да ме убие и да ме прободи“ продолжува тој.

Во трогателното видео, мајката објаснува дека нејзиниот 9-годишен син Квејден секој ден е малтретиран на училиште поради неговиот џуџест раст, па поради тоа тој постојано има самоубиствени мисли и дека таа мора внимателно да го набљудува да не си го одземе животот. Првпат, тој се обидел да се самоубие кога имал само 6 години.

Mum's heartbreaking message to bullies

An Aussie mum's strong message about bullying has gone viral and is breaking people's hearts.

Gepostet von news.com.au am Mittwoch, 19. Februar 2020

Квејден доби поддршка од безброј луѓе ширум светот, а актерот Хју Џекмен го поддржа ова момче со виде0 порака, a започната е и акција за собирање на средства со кои Квејден и мајка му ќе отпатуваат во Дизниленд. Иако на почетокот беше планирано да се соберат 10.000 долари, сторијата допре до толку многу луѓе што веќе има над 180.000 долари.

Ова видео е создадено со цел да се подигне свеста кај луѓето ширум светот да гледаат без предрасуди на сите чоовечки суштества без разлика на нивниот надворешен изглед.

Прегледи:
1864
Објавено на:
21.02.2020