Категории

„Сакам старомодна љубов, а не игри“

„Сакам да дојде и да ме изненади со буќет цвеќе и сакам да ми ја придржи вратата затоа што тоа така се прави. Не сакам премногу подароци, не ми треба статус на врска на Фејсбук, само сакам некој кој е реален и искрен. Некој поради кој нема да се прашувам дали ме сака или не сака да биде со мене.“

Сакам старомодна љубов во која нештата одат полека, каде нема веднаш да почнеме со најголема брзина. Сакам да одам на состаноци, сакам да ја разберам личноста и да ги слушам нејзините приказни, да гледам како се однесува во живо а не на интернет.

Сакам кога немој ќе ме повика на вистински состанок, а не на „ајде да се дружиме“ состанок. Сакам да поминувам часови спремајќи се и танцувајќи во собата со пријателките. Сакам да дојде по мене и да имам пеперутки во стомакот додека одам до неговата кола.

Сакам да седам со него во ресторанот и сериозно да разговарам за важни нешта. Не сакам да слушам трачеви нити да зборувам за најновите трендови. Сакам да разговарам за животот и од каде доаѓаме. Сакам да слушам што има да ми каже додека седи наспроти мене и сакам и тој да го прави истото за мене. Не сакам да се натпреварувам за внимание со неговиот мобилен.

Сакам подоцна да одиме на прошетка затоа што вечерата поминала добро. Сакам да чекорам покрај уличните светла, да се смеам и да се чувствувам полна со надеж. Сакам да ме одведе дома и да ме испрати до влезната врата. Сакам да ја чувствувам онаа нервоза и возбуда околу тоа дали можеби ќе ме бакне пред заминување, без очекување дека ќе ја поминеме ноќта заедно и веднаш да се префрлиме на тоа со најголема брзина.

Но најмногу од се, сакам да каже што навистина мисли кога ќе ме доведе. Сакам да биде искрен дали му било забавно и сакам да го мисли тоа навистина ако каже дека ќе ми се јави или ќе се видиме повторно.

Не сакам со денови да чекам и да се надевам дали ќе ми испрати смс порака или ќе напише нешто за мене на друштвените мрежи. Сакам да ми се јави, да го чујам неговиот глас. Не сакам игри, не сакам правила, сакам искреност и сакам да биде реален со мене.

Ако се помине добро и тој се јави, сакам старомодна љубов. Сакам да дојде и да ме изненади со буќет цвеќе и сакам да ми ја придржи вратата затоа што тоа така се прави. Не сакам премногу подароци, не ми треба статус на врска на Фејсбук, само сакам некој кој е реален и искрен. Некој поради кој нема да се прашувам дали ме сака или не сака да биде со мене.

Сакам да ми донесе нешто кога сум болна. Сакам некој кој ќе планира излети за кои јас нема да знам ништо. Сакам некој кој ќе прави романтични ситници затоа што тие ситници се најважни.
Сакам некој кој ќе се бори за нас кога нештата ќе бидат тешки, а не да замине. Сакам некој со кого можам да разговарам за нашите проблеми. Сакам некој кој нема само да стане и да си замине затоа што проблемите се неизбежни, но секогаш може да се пронајде решение.

И со овие желби кои ги имам, имам премногу љубов во себе која сакам да ја дадам.

Сакам да му направам утринско кафе и доручек. Сакам да го изненадам со романтични гестови еднкаво како што сакам и тој мене. Сакам да се грижам за него кога е болен. Сакам да му пишувам пораки на хартија и да му се јавувам кога го нема. Сакам да правам уште многу нешта за него отколку што очекувам тој да прави за мене.
Сакам некој кој сака љубов каква што имале нашите баби и дедовци – затоа што она што го научив од нив е – дека тие успеале.

Прегледи:
727
Објавено на:
12.01.2020