Категории

Сакате бебе? Веднаш променете ги овие навики кои ја загрозуваат плодноста

Се поголем е бројот на парови кои се соочуваат со стерилитет.

Многу жени, но и мажи, не се во можност да се остварат како родители бидејќи стерилитетот претставува голем проблем, а за тоа допринесуваат и нашите секојдневни навики. За некои навики и однесувања кон нашето тело никогаш не би претпоставиле дека можат да влијаат врз плодноста.

 

Премногу лекови за главоболка

Кога и да почувствуваме болка во мускулите веднаш посегнуваме по апчиња за смирување на болка. Со нив лечиме се од главоболка до менструални болки, но новото истражување покажува дека голем број на мажи кои редовно земат апчиња за болка патат од хипогонадизма. Тоа е хормонска состојба која доведува до стерилитет кај мажите. Наместо бруфен земете некој друг лек против болка.

Ниско ниво на јод 

Здравата тежина е многу важна кога сакате да останете бремени. Покрај калориите треба да се фокусираме и на количината јод која ја внесуваме во организмот. Доколку имате помало количество на јод во организмот шансите да не можете да забремените се двојно попголеми. Поради тоа, неопходно е да направите проверка и да добиете адекватна терапија доколку е потребно.

Погрешен лубрикант

Паровите треба да практикуваат многу секс за да останат бремени, но не се сите лубриканти направени од ист состав. Многу имаат состав кој и штети на спермата и го отежнува зачнувањето. Посоветувајте се со вашиот лекар окј лубрикант е најбезбеден да го користите и кога.

Многу газирани сокови

Доколку вашиот партнер обожава газирани сокови, тогаш имате проблем. Пиењето дури и на еде сок секој ден ги намалува ѓансите за бременост. Засладените, а притоа и газирани сокови го отежнуваат зачнувањето и влијаат негативно на плодноста.

Повеќе црвено месо

Жените кои се на Медитеранска диета имаат поголеми шанси да останат бремени по вештачкото оплодување од оние кои не ја измениле својата исхрана. Исхраната богата со здрави масти помага во процесот на зачнување бидејќи ја зголемува плодноста.

Прегледи:
605
Објавено на:
11.06.2018