Титаник денес лежи на дното на Атланскиот океан на длабочина од 3,810 метри. А за сите оние кои сакаат да ги видат остатоците од легендарниот брод кој потона на своето прво испловување, ќе имаат специјална можност да отидат на подводната локација под услов да имаат длабок џеб.
Кога за прв пат испловил од пристаништето бил наречен „бродот кој не може да биде потопен“ после што удрил во леден брег во 1912 година. Денес она што е останато од бродот Титаник лежи на дното на Атланскиот океан а прилика да го видат го имале само стотина луѓе вклучувајќи ја и филмската екипа на Џејмс Камерон.
Во 2021 година компанијата Ocean Gate Expeditions планира да се врати на локацијата каде почива Титаник и да започне истражувачка експедиција од мај до септември со цел да подготви место за гостите т.е. подморските туристи кои сакаат да го видат Титаник а имаат длабок џеб.
Стоктон Раш, претседателот на компанијата вели дека заедно со НАСА и Боинг смислиле подморница наречена Титан која ќе може да нурне во длабочините од четири километри и има кружен прозорец од 36 цм низ кој патниците ќе можат да посматраат се околу себе.
Подморницата може да носи пет особи – пилот, научник и тројца како што велат „специјални гости“ од кои секој ќе треба да плати 125,000 долари за оваа осмодневна авантура.
Целта на мисијата е научноистражувачка а Раш истакнувадека сакаат да го испитаат начин на кој бродот со текот на времето пропаѓа, да ги документираат предметите околу рушевината и животните кои ги има повеќе од 300 видови на кои Титаник денес им е дом.