Категории

Сакате да изгубите килограми без да се откажете од леб? И тоа е можно, погледнете како!

Ако мислевте дека во потполност морате да ги исфрлите јаглехидратите од исхраната за да ја намалите својата тежина, имаме добра вест за вас – можете да изедете дури 12 парчиња леб во текот на неделата.

Иако лебот се смета за една од намирниците кои најмногу дебелеат, вистината е дека лебот е важен извор на хранливи состојки, како аминокиселини, витамините А и Б.

Дали исфрлањето на лебот од исхраната навистина ќе ви помогне да се ослободите од мастите? Па, да и не.

Лебот ссодржи околу 74 калории по кришка. Доколку прстанете да јадете повеќе парчиња тост за појадок, сендвич за ручек и можеби за вечера додадете малку леб од страната, сигурно ќе го намалите внесувањето на калории, што ќе биде и видливо на вашето тело.

Ова правило важи речиси за се: ако престанете да пиете пиво, јадете кекси, ставате шеќер во чајот – важи за секој оброк и течност која ја внесувате секојдневно, тогаш сигурно ќе го намалите дневното внесување на калории.

Исфрлањето или намалувањето на намирниците богати со јаглехидрати, обично се смета за најважен чекор за слабеење, но намалувањето на тежината вклучува и менување на композицијата на телото, зајакнување на мускулите, како би му помогнале на телото полесно да ги користи залихите од мастите.

Прегледи:
441
Објавено на:
29.05.2018