Категории

Сакате да се смирите со поранешното момче? Размислете добро на овие нешта!

Смирувањето со поранешното момче понекогаш е вистински потег… А понекогаш тоа е потег поради кој ќе зажалите. Ако размислувате да дадете уште една шанса, прочитајте го ова и размислете дали е тоа навистина паметно.

Кога раскинавте, постоела добра причина за тоа

Доколку не сте функционирале добро заедно и доколку вашата врска била постојана драма, смирувањето веројатно не е добра идеја. Одвоеноста понекогаш може да создаде впечаток дека работите сепак не биле толку лоши, но тој впечаток не треба да се сфаќа озбилно. Доколку било се во ред, немало ни да дојде до раскинување.

Можеби се е само поради секс

Некои мажи ќе дадат се од себе за да се смират со поранешната девојка, не затоа што ја сакаат, туку затоа што така ќе имаат лесен пристап до секс. Доколку поранешниот постојано ве наговара да се смирите, внимавајте ова може да е една од причините.

Можеби само сака да види дека не можеш без него

Или ти сакаш да видиш дека тој не може без тебе. Смирувањето како доказ дека едната личност не може без другата, нема врска со љубовта, туку со натпреварувањето. Доколку сакате да се смирте само за да победите во тоа натпреварување, подобро е да не се ни обидувате.

Прегледи:
398
Објавено на:
05.06.2018