Категории

Сакате кралска романса? – Љубовната советничка на принцот Хари ги открива клучните совети за пронаоѓање на партнер

Ако посакувате љубов како од бајките, токму како онаа на Меган Маркл и принцот Хари, следете ги овие совети.

Стручњаците сметаат дека првата недела во годината е најдобриот период за пронаоѓање на љубовта. Но, ако на почетокот на првиот месец не ви се посреќило, не очајувајте. Не е потребно да го чекате почетокот на следната година.

Љубовната советничка Лара Еспреј, на која дури принцот Хари и се обратил за помош пред да ја запознае Меган Маркл, издвојува неколку совети кои ќе ви помогнат како да ја пронајдете љубовта.

Потрудете се
Ако барате љубов со помош на апликации за запознавање, не е доволно само да го отворите профилот и да чекате да ви се посреќи.
80% е поголема можноста да добиете одговор ако ставите нешто интересно во вашата биографија.

Бидете интересни
Олеснете им го разговорот на луѓето со вас – советува таа. На пример, ако сте се запознале со некој кој сака да готви, секогаш можете да почнете разговор така што ќе зборувате за одлични рецепти кои неодамна сте ги пробале или рестораните кои сте ги посетиле.

Дамите – Немојте да бидете секси, туку елегантни
АКо сакате да пронајдете вистинска љубов со помош на апликација, бидете интересни и не користете секси фотографии.
„Не покажувајте ги нозете и градите. Фотографирајте ја вашата насмевка.“ – советува Лара.

Изгаснете го стариот пламен
Ако упорно се враќате на старата љубов, никогаш нема да дадете прилика на некој нов маж. Ослободете се од минатото и конечно завршете ја таа приказна.

Не ги отпишувајте некого поради неговите години
Помладите мажи можат да живеат среќно и со постари жени, и тоа важи и за обратните случаи. Годините не се гаранција за квалитетна врска.

Љубовниот состанок не е интервју
Немојте на првиот состанок да дојдете со список прашања кои ќе ги поставувате како да е во тек некое интервју. Нека разговорот биде опуштен и слободно вметнете хумор. Ако ништо друго, можете да откриете дали вашиот потенцијален партнер има слична смисла за хумор.

Немојте да пијате премногу
Можеби неколку чаши алкохолен пијалак ќе ви даде храброст, но тоа може да замине и во лош правец. Затоа застанете на една чаша или максимум две.

Имајте отворен ум
Немојте да ги отпишувате луѓето веднаш ако заклучите дека немате исти интереси и не заклучувајте ништо за нив нагло врз темел на првиот впечаток. Таквото однесување повеќе зборува за вас отколку за нив, а во голем број од случаите потребно е да поминете одредено време со некоја личност за да сфатите дали ви се допаѓа.

Прегледи:
438
Објавено на:
26.05.2020