Категории

Сам направил пат долг 8 километри за да го посетуваат синовите. (ВИДЕО)

Индија: Јаландар живее во село кое е оддалечено 10 километри од училиштето во кое учат неговите синови. Нивниот пат до домот на татко им сега трае 3 часа затоа што мораат да поминат 5 планини за да стигнат до него…

Јаландар е 45 – годишен Индиец, кој изградил пат долг 8 километри користејќи само секира и метална рачка. Причината за ова е многу голема – сака децата да го посетуваат што почесто.

https://www.youtube.com/watch?v=zy_1WyugEPg

Овој татко кој ја започнал својата мисија пред 2 години, секој ден поминувал 8 часа разбивајќи камен и тргајќи ги карпите од патот. Додека ја пробивал улицата, особено внимавал да не исече ниту едно дрво.

„Откако ќе биде готов патот, се надевам дека синовите почесто ќе ме посетуваат. Драго ми е што и државата ќе ми помогне во завршувањето на патот. Освен тоа, ги замолив во селото конечно да ни донесат вода и струја“ – вели Јаландар.

Прегледи:
477
Објавено на:
13.01.2018