Ако ви се јаде торта, а имате на располагање само десетина минути и само овие четири состојки, сепак ќе може да ги задоволите своите желби.
Потребни состојки:
● 4 јајца
● 200 гр црно чоколадо
● 100 гр путер
● изрендана кора од портокал
Подготовка:
Исто како што е прикажано и во видео записот, стопете го чоколадото на пареа, а во посебен сад сматете ги јајцата и путерот. Полека додадете го изладеното стопено чоколадо во јајцата, мешајќи постојано. На крајот додадете ја изренданата кора од портокал, сипете во тавче и печете на 180 степени Целзиусови околу 20 до 25 минути.
И вашата вкусна чоколадна торта е подготвена за дегустирање!