Категории

Само 5 минути дневно се потребни за да го спасите својот брак

Влеговте во рутина? Вашите разговори се сведуваат само околу децата и работните обврски? Еве како ќе се поврзете повторно со партнерот, а се почнува со „микро – моментите“.

Секој нов почеток е исполнет со возбуда, па така и почетокот на заедничкиот живот на паровите во брак. Но, наскоро тој период ќе се претвори во секојдневие, понекогаш обичен и здодевен живот, исполнет со обврски. Поради тоа, многу парови влегуваат во монотона рутина, а со тек на време и се отуѓуваат еден од друг.
Тука се поставува прашањето: Како паровите кои влегле во рутина или веќе полека почнуваат да им се разидуваат мислењата, идеите и желбите, можат повторно да се поврзат и да и дадат нов жар на врската?

 

Наједноставниот начин за повторно поврзување со својот партнер е одвојувањето на неколку „микро – моменти“ (околу 5 минути) за време кое би го посветиле еден на друг и повторно би се поврзале.

Оваа техника се препорачува на сите парови бидејќи се смета дека тие „микро – моменти“ се идеален начин луѓето да се поврзат и да си покажат едни на други колку се сакаат.

Тоа може да биде краток бакнеж или прегратка пред работа, држење за рака додека гледате филм, изразување љубов гледајќи се во очи, некој израз на благодарност во вид на мал подарок и слично.

Наместо да се помирите со моменталната ситуација која со тек на време може само да се влошува, подобро е отворено да зборувате за проблемот и константно да работите на својата врска за да функционира се подобро. Паровите треба да работат на разбирањето и меѓусебното прифаќање, постојано трудејќи се да бидат на иста бранова должина, барем кога станува збор за целите и заедничките вредности.