Категории

Само една активност е потребна за секоја врска или брак да бидат успешни

Среќните парови се способни да поминат години заедно, седејќи дома, зборувајќи за истите досадни работи, гледајќи телевизија, готвејќи вечера… Иако ви се чини банално, тоа е клучно.

Изгледа дека тајната на долга и среќна љубовна врска лежи во способноста на парот да се досадува заедно – така барем тврди писателот Марк Менсон.

– Најискрено верувам дека би требала да биде што е можно подосадна, секако мислам на љубовната врска. Можеби тоа звучи навистина чудно, но доколку ги погледнете среќните парови кои имаат по 80 години, а заедно се веќе 60 години, ќе сфатите дека тоа не е така затоа што се возеле со приватен авион заедно или пак биле на неверојатни патувања. Тоа е затоа што се способни да се досадуваат заедно – вели Марк.

Додава дека, доколку тие парови се способни да поминат заедно многу години, седејќи по дома, разговарајќи, гледајќи телевизија… значи дека тоа е добро. Нема тука преголеми возбудувања, нема голема драма.

– Важно е луѓето да разберат што сакам да кажам, особено во денешно време многу луѓе не сакаат да се досадуваат. Сите ние сакаме да им бидеме интересни на поединци и да водиме возбудливи животи. Но, тоа во многу случаи не е добро за романтичните врски. Добро е да се досадувате, тоа е добро за љубовниот однос – вели Менсон.

 

 

Прегледи:
391
Објавено на:
28.11.2017