Категории

Само една мрежа не се тресеше досега на ЕУРО 2016

Мануел Нојер го одигра и четвртиот натпревар на Европското првенство во Франција, во кој не дозволи да прими гол.

По победата од 3-0 над Словачка, во осминафиналето Нојер е без примен гол 360 минути. Германците славеа без да се тресе нивната мрежа против Украина и Северна Ирска, како и натпреварот со Полска кој заврши без голови.

Пред Нојер најголемиот предизвик е во четвртфиналето, каде против себе ќе ги има напаѓачите на Италија или Шпанија, кои утре во Париз ќе решат за противникот на Германија во Бордо во третото четвртфинале.

Прегледи:
421
Категории:
Спорт · Фудбал
Објавено на:
27.06.2016