Категории

Само еднаш можеш да јадеш отровни печурки, затоа внимавајте при изборот!

Печурките се многу здрави и широко распространети. Постојат многу „експерти“ кои сами собираат печурки тврдејќи дека ги распознаваат отровните. За да дознаете кои од тие печурки се за јадење, а кои не се, најдобар начин е да не ги пробате.

Што и да ви речат, со какви „методи“ за распознавање на печурките да располагате, никогаш немојте да ги пробате печурките. ЕДИНСТВЕНИТЕ СИГУРНИ печурки се тие кои што се купуваат во продавниците. Многу луѓе сеуште имаат заблуди за печурките. Некои, на пример, мислат дека кога печурките се варат, сребрената лажица со која се мешаат ќе потемне ако тие се отровни. Оваа „проба“е погрешна. Не е точно ни тоа дека некои печурки можат да ве отрујат ако ги допрете.

Уште една заблуда е и таа дека печурките со розови плочи под чадорчето не се отровни. Таа се заснова на фактот дека два најпознати вида печурки за јадење имаат розови плочи, а Amanitas, кои што се отровни- имаат бели плочки. Но, разликата помеѓу овие видови секогаш не може да се утврди. Покрај тоа, многу печурки за јадење воопшто немаат розови плочки под чадорчето.