Категории

Само кинезите можат да направат соларен систем во облик на панда

Повеќето соларни системи се во правилни облици, но новиот соларен систем поставен во Датонг, Кина е малку поинаков. 

 

Кинеската групација  Merchants New Energy направиле интересен дизајн, а кога си во Кина нормално тоа ќе биде панда.

Распослана на 248 акри, ова е соларна фарма од гигантна панда. Првата фаза е систем од 50 вари, а втората панда ќе биде поставена до крајот на годината.

Соларниот панда систем ќе произведува 3.2 милијарди киловат часови соларна енергија во 25 години, што значи елиминирање на милион тони јаглен кој се користел за производство на енергија.

 

Овој проект е дел од целокупното залагање за кревање на свесноста кај народот за еколошки чиста енергија, а компанијата има намера да направи уште вакви соларни системи низ Кина во наредните пет години.