Категории

Само што се врати, Адел оди на 5-годишна пауза?

Британската пејачка Адел при крајот на 2015 година се врати на музичката сцена, а веќе планира да замине на подолга пауза. На младата мајка сепак синот Анџело и е на прво место, пренесуваат светските медиуми.

Минатиот месец Адел ја започна својата светска турнеја, а веќе планира да замине на петгодишна музичка пауза. Во текот на турнејата на која ќе го промовира својот последен албум „25“ ќе одржи 105 концерти ширум Европа и Северна Америка, а влезниците за нејзините концерти веќе се распродадени.

Пејачката на своите најблиски наводно им соопштила дека ќе се тргне од сцената на пет години пред да го објави следниот албум.

– Таа се уште е млада мајка и не сака да го пропушти растењето на нејзиниот син. Тоа ќе биде тешка работа да им се соопшти на фановите, изјави близок извор на пејачката за британски „Сан“.

Прегледи:
481
Објавено на:
27.03.2016