Категории

Само срцето тоа го знае…

„И никогаш нема да научам што ли беше за мене.

Дали играчка или љубов.

И никогаш нема да премолчам за тоа што и кога ми беше играчка те љубев.

И никогаш нема да преболам што надевајќи се на љубов добив само болка и ништо повеќе.

И никогаш нема да речам дека те мразев, воедно би се мразел само себеси.

Дали си ми играчка или пак само љубов тоа само срцето го знае.

Срцето прашај го .

Тоа најмногу љуби.

Посилно и од тебе.

Посилно и од мене .

Посилно од сите нас.

И не знам како да продолжам а да не погледнам назад во минатото.

Таму ни беа сите наши спомени кои некаде и во тајност ги криев од сите.

Ги криев за да не се повредиш ти.

А можеби и само сакав јас да ги знам.

Повредувајќи си го егото.

Повредувајќи си ја гордоста.

Повредувајќи си го срцето.

Но ете малечка , за се имало крај. Повеќе и не гледам во минатото.

Боли та боли .

Иднината е пред моиве очи.

Но овој пат без тебе.

Сам тргнувам во војна со љубовта.

Можеби и ова мое срце едноставно сака да те заборави. Можеби еден ден си велам.

А можеби и никогаш нема да се случи тоа.

Но ете , се потрудив да ја победам љубовта.

Сега сме на исто рамниште со неа.

А со тебе никогаш.

Ми бегаш како ветерот, неможам да те следам каде си сега и што ли правиш.

Единствено што знам е дека продолжив да бидам истиот оној кој те љуби лудо.

Иако си само играчка или ми си љубов јас сеуште те љубам…

Можеби и не сакам да отварам очи да ја видам вистината .

Можеби се плашам да не испаднам кукавица пред тебе.

Можеби и само се кријам за да не испаднам пред тебе кукавица.

Ете едно е .

Но малечка моја верувај ми , не беше тешко да одам прв во војна со љубовта.

Толкав пат поминав сам што сега кога стигнав до целта  – не се откажувам.

И не се откажувам ни од тебе.

Дали си ми играчка или пак љубов сепак

-само срцето тоа го знае!“

Белешките на Дариа Јохан

Прегледи:
1255
Објавено на:
11.03.2020