Категории

Samsung Galaxy S9 започнува со продажба во март

Својот најнов телефон, Galaxy S9, Samsung планира да го претстави веќе во февруари, додека телефоните би требало да се најдат во продажните салони во март.

Претходно беше најавено дека новите модели S9 и S9 Plus ќе бидат подобрени верзии на постоечките паметни телефони Galaxy S8 и S8 Plus. Новите модели најверојатно ќе го добијат процесорот Snapdragon 845 на Qualcomm кој ќе биде побрз, а најголемата промена ќе биде преместувањето на сензорот за отпечаток на прст под камерата.

Тоа значи дека веќе нема да биде на проблематична локација покрај камерата како кај моделите S8, S8 Plus и Note 8.

Исто така, двата нови телефони на Samsung би требало да добијат AKG стерео звучници, а исто така ќе биде задржан и 3,5 мм влезот за слушалки.

Прегледи:
471
Објавено на:
19.12.2017