Категории

Сангрија – Фантастичната комбинација од свежо овошје и црвено вино кое ќе го задоволи сечиј вкус

Сангријата е шпански пијалок, а своето име го добила од зборот “sangre”, што во превод значи крв.

Сангријата е одличен избор на пијалок доколку правите забава со вашите пријател или пак доколку едноставно сакате да се освежите. Иако овој пијалок е карактеристичен за летниот период, многу од луѓето ја консумираат и за време на зимските денови

Постојат многу различни рецепти за правење на сангрија, но еве еден којшто ќе ви го долови вкусот на традиционалната  шпанска сангрија.

Потребни состојки:

1 шише црвено вино (1 литар)

½ чаша бренди

½ чашасвежо цеден сок од портокал

¼ чаша шеќер

1 портокал, исечен на тенки кругови

1 лимон, исечен на тенки кругови

1 зелен лимон (лимета), исечен на тенки кругови

1 јаболко, исечено на тенки полумесечинки

1 чаша газирана вода

мраз

Начин на подготовка:

Во голем бокал ставете ги виното, брендито, сокот од портокал и шеќерот и мешајте додека шеќерот не се раствори. Додајте го исечканото овошје и ставете го бокалот во фрижидер. За крај, додајте ја газираната вода и служете во чаши со мраз.