Категории

Сара Џесика Паркер повторно во својата стара улога: Кери Бредшо се враќа на голема врата!

Актерката Сара Џесика Паркер не планира да се откаже од Кери Бредшо, колумнистката која ја глумеше во серијата „Сексот и градот“.

Таа на својот Инстаграм поставила тизер видео од легенцдарната Кери која и донесе планетарна слава.

Во тизерот Сара носи здолниште слично на она кое Кери Бредшо го носи во воведната шпица од серијата. Додека оди по пешачкиот премин, Сара ја прати и музиката од серијата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by SJP (@sarahjessicaparker) on


„Мојата стара пријателка. Повторно ќе се појави на кратко. Во соработка со прекрасниот бренд, кој има цел за која сите се грижиме. Наскоро поопширно“, напишала Сара на видеото кое завршува со хаштагот #PourItForward.

За потсетување, Сара последен пат се појави во улогата на Кери во 2010. година кога го снимаше продолжението на филмот „Сексот и градот“ со колешките Ким Катрал, Синтија Никсон и Кристин Дејвис.

Иако е планиран и трет дел, до тоа не дојде бидејќи наводно, Ким Катрал не сака повторно да ја игра скандалозната ПР ѕвезда Саманта Џонс.