Категории

Сара Сампајо не им избега на папараците: Убавицата од модните писти непрепознатлива без шминка!

Португалскиот супермодел Сара Сампајо (28) позната е по својата егзотична убавина и самоуверен став на модната писта, а каде и да се појави плени со својот изглед.

Некогашниот ангел секогаш е дотерана на црвениот тепих, но како и цел свет, сега времето го поминува во самоизолација.

Славната манекенка во својот дом го одмара лицето од тешките шминки и очигледно не се грижи за изгледот кога набрзина ќе излезе од домот.

Папараците ја забележаа Сара во тренерки и маица со неуредна фризура, во моментот кога претрчала да фрли ѓубре.

Инаку, покрај успешната кариера , супермоделот е успешна и на љубовно поле и ужива во петгодишната врска со Оливер Риплеј сопственик на еден хотелски ланец.

Прегледи:
690
Објавено на:
15.05.2020