Категории

Сараево ќе одлучува дали е „за“ или „против“ Дедо Мраз

Граѓаните на Сараево ќе одлучат дали Дедо Мраз ќе ги посети децата во градинките на прославата на Нова година.

Вршителот на должност на јавната институција „Децата на Сараево“, Јасмина Чонго изјави дека новогодишната свеченост ќе биде одржана во 30 градинки, а воспитувачите ќе ја изберат содржината и темата соодветна за детската возраст.

За доаѓање на Дедо Мраз воспитувачите ќе се договорат со родителите на состанок што ќе се одржи на 26 декември во сите градинки. Родителите ќе пополнат анкета, а одлуката ќе биде донесена зависно од националната структура на родителите и нивната определеност за присуство на детето на претставата на која ќе се делат пакетчиња, посочи Чонго.

Дедо Мраз во одделни институции во Сараево е непожелен гостин од 2008 година, кога беше избркан од една градинка од страна на воспитувачките.

Во 2010 година дури и Исламската заедница во Босна и Херцеговина издаде фетва во која се наведува дека Дедо Мраз не е познат и признат во традицијата на Бошњаците.

Прегледи:
352
Ознаки:
Објавено на:
12.12.2016