Категории

Сари добитник на наградата „Златна клупа“

Тренерот на Наполи, Маурисио Сари е прогласен за најдобар тренер во италијанската Серија А. Наградата „Златна клупа“ му се доделува на најдобриот тренер од претходната сезона, а се избира со гласовите на колегите тренери.

Маурисио Сари ја освои наградата „Златна клупа“, во конкуренција на колегите од Јувентус и Сасуоло, Масимилијано Алегри и Еузебио Ди Франческо.

„Кога добивам награда тоа не ми преставува некакво задоволство, често сметам дека тоа ми е одземено време од мојата работа. Но овој пат, оваа награда му дава ентузијазам и ме прави среќен. Мислам дека е така бидејќи ја добив од моите колеги“, рекол Сари.

Стратегот на Наполи претходно оваа награда ја освои и во сезоната 2013/2014 година како тренер на Емполи, кога со овој тим успеа од Серија А да избори пласман во елитниот ранг на италијанскиот фудбал.

Сари е првиот тренер, предводник на Наполи, кој ја добил наградата и воедно ја прекина четиригодишната доминација на тренерите на Јувентус.

Наполи, во деби сезоната на Сари на тренерската позиција, минатата сезона го освои второто место во Серија А.

Посебна награда на церемонијата која се одржа во Фиренца доби Клаудио Раниери, кој минатата сезона го предводеше Лестер до титулата во Премиерлигата.

Извор : Макфакс

Прегледи:
406
Категории:
Спорт · Фудбал
Објавено на:
28.03.2017