Категории

Сауна на четири тркала, вистински хит во Будимпешта

Слика од полуголи мажи и жени кои парадираат и не секојдневна глетка во Будимпешта. Станува збор за љубителите на сауната и тоа мобилна сауна, која е изградена во задниот дел на едно старо комбе, и им овозможува на клиентите да уживаат во убавините на градот и тоа во здраво тело прочистено од токсини.

Нејзиниот сопственик, Миклош Томор, истакнува дека на овој начин сакал да ја промени секојдневната рутина. Користењето на оваа сауна, како што вели тој, им овозможува на жителите и на туристите поглед на градот од различна перспектива.

Температурата во сауната е 90 степени, а во неа  истровемено може да се релаксираат до шест луѓе. Во сауната има печка на дрва и дел се пресоблекување.

За 90-минутен престој во сауната се наплатуваат по 32 евра од човек.

За похрабрите, на тротоарот е поставен и туш со студена вода. Корисниците на сауната велат дека таа е исклучително здрава. Велат дека е идеална за дружење и за опуштање , бидејќи со пиво и разговор уживаат во несекојдневната можност да го видат градот од оваа перспектива.

Мобилната сауна била поставена на различни локации покрај брегот на Дунав. Меѓутоа најомиленото место за клиентите се покажало ритчето Гелерт, покрај Цитадела од 19 век која ја подигнале Хабсбуршките владетели.

Прегледи:
484
Категории:
Видео · Секојдневие
Објавено на:
20.02.2016