Категории

Се ближи најубавиот период од годината: Погледнете ја новата божиќна реклама на Кока-Кола

Се ближи најмагичниот период од годината – трговските центри ќе бидат украсени, ќе ги слушаме новогодишните песни, а ќе им се радуваме на старите и новите божиќни филмови.

Кога на сето тоа ќе ја додадеме и новата божиќна реклама на Кока-Кола, прзничната треска може да започне. Секоја нивна реклама е посебна и предизвикува емоции поради топлите и емотивни приказни.

Оваа година акцентот е ставен на отуѓеноста меѓу луѓето. Во фокус на рекламата е момче кое забележува колку е осамена неговата сосетка и го организира целото семејство и луѓето кои живеат во нивната зграда на за да и посветат внимание на еден посебен начин.

Поентата на оваа реклама е дека никој не треба да се чувствува осамено и отфрлено, посебно за време на празниците.

Прегледи:
523
Објавено на:
18.11.2021