Категории

Се будите секоја ноќ во исто време? Еве објаснување

Потешкотии во заспивање помеѓу 21:00 и 23:00 часот
-Во тоа време крвните артерии се активни. Тоа означува дека можеби имате некои здравствени проблеми. Тие проблеми најчесто се поврзани со имуниот систем, тироидната жлезда или метаболизмот. Но не само тоа што ве остава без сон туку и паранојата и стресот. Најдобро решение за ова е да одвоите време за медитација или пак јога.

Будење помеѓу 23:00 и 01:00 часот
Ова време е поврзано со жолчното ќесе.Овој дел од телото е задолжен да ги разгради сите масти кои ги имате конзумирано во текот на денот. Будењето во ова време би можело да значи да започнете со диета преку кој ќе ги внесувате помалку штетните масти.

Но, доколку сте биле осудувачки настроени во текот на денот и тоа би можело да ве остави без сон. Како и да е, оставете го тоа позади себе, прифаќањето и простувањето се битни елементи за нашата ментална и душевна благосостојба.

Будење помеѓу 01:00 и 03:00 часот
Во ова време функцијата на црниот дроб доаѓа до израз, така што треба да се соочи со сите внесени токсини. Решение за овој проблем е да ја поправите вашата диета или да ја намалите количината на алкохолот.

Нервозата, бесот и чувството на вина можат да бидат причина за вашата несоница.

Будење помеѓу 03:00 и 05:00
Ова време е поврзано со белите дробови, тогаш тие собираат кислород и го распоредуваат до другите органи во подготовка за новиот ден. Доколку кашлате тоа би значело дека треба да почнете да се храните поздраво или да дишете почист воздух.

Ова време е поврзано со гревот и тагата, треба да ја прифатите тагата и да продолжите со животот.

Будење помеѓу 05:00 и 07:00 часот
Ова време е поврзано со чистењето и обновувањето на дебелото црево. Затоа многу е битно да пиете поголема количина на вода.

Емоционално, ова време е поврзано со чувството на нетрпеливост.

Прегледи:
497
Ознаки:
· ·
Објавено на:
24.03.2016