Оваа среда наспроти Лила во „Се или нешто“ и во битка со банкарот застана скопјанката Добринка која имаше навистина напната игра со многу возбуда. На почетокот таа ги покажа своите амајлии, односно мал крст осветен во Ерусалим, а поткрепа и беа и среќните астролошки бројки за нејзиниот знак во хороскоп.
Иако ги отвори високите суми, на крај и остана кутијата со милионот и само уште една, која наедно и донесе висока понуда од банкарот од 250 илјади денари кои реши да ги земе.
Сепак, и оваа натпреварувачка немаше храброст да оди до самиот крај, но имаше среќа што ја прифати високата понуда, бидејќи во нејзината кутија се криеја само 5000 денари.