Категории

Се јавил во полиција и нарачал храна од Мекдоналдс

5 годишно дете од американската сојузна држава Мичиген се јавило во полиција и нарачало храна од Мекдоналдс, пренесуваат американските медиуми.

Во куќата детето пронашло неактивен мобилен телефон и го свртело единствениот број кој можел да се повика- бројот од полиција. Кога диспечерката се јавила, малиот Ајзел Хол имал само една желба: „Можете ли да ми донесете нешто од Мекдоналдс ? “.
Диспечерката му објаснила дека не може да му донесе храна, но сеедно му го пренела повикот на наредникот Дени Патерсон.
„ Многу се насмеав..Пет годишно дете се јавува во полиција и нарачува Мекдоналдс“,изјавил наредникот Патерсон. Тој ден извршувајќи ги обврските минал покрај Мекдоналдс и одлучил сепак да му купи храна на Ајзел.
Кога тропнал на вратата од куќата каде што живеел Ајзел, не отворил никој. Кога тропнал на прозорецот се појавило детето. „Мислам дека првата работа која ми ја кажа беше: Баба ми ќе полуди, ве молам одете си “, се сеќава полицискиот службеник.
Патерсон сепак не ја послушал молбата на детето, па почекал баба му да ја отвори враката, а потоа му објаснил на детето во кои моменти се повикува бројот на полицијата.
Полицијата инспирирана од овој случај ги предупредила родителите дека бројот на полицијата може да се повика и од неактивни телефони и им укажала да ги проверуваат нагодувањата пред да им го дадат телефонот на децата за да си играат.