Поради пандемијата на корона вирусот, се одложува снимањето на специјалот на мега популарната серија „Пријатели“ кој требаше да започне идната недела.
Откако обожавателите на култната серија „Пријатели“ се развеселија поради нивното повторно собирање, се чини дека ќе мораат уште малку да почекаат. Продукцијата го одложи снимањето поради пандемијата на корона вирусот – пренесува Daily Mail.
Снимањето требаше да започне идната недела, меѓутоа поради новонастанатата ситуација која пакости низ светот, снимањето се очекува да започне дури во летниот период а може и подолго.
Глумците потврдија дека се договорија околу рејунионот и дека снимањето ќе се одбива без сценарио и наслов. Ќе се снима во истото студио во кое претходно беше снимана серијата.