Категории

Се одржа хуманитарниот „Светски пикник“ во Градски парк

Хуманитарен „Светски пикник“ се одржа денеска напладне во Градски парк, по повод 10 годишнината од постоењето на Советот на странски инвститори при Стопанската комора на Македонија.

Странските инвеститори во државава кои доаѓаат од САД, Австрија, Англија, Грција, Белгија, Турција, Италија, Швајцарија, Франција, Холандија и Германија на пикникот претставуваа дел од културата на земјите од каде потекнуваат преку најавтентичните рецепти од нивните национални кујни.

Настанот беше отворен за сите посетители, а поради  хуманитарниот карактер на настанот,  храната се послужуваше за симболична цена од 100 денари. Собраните средства ќе бидат донирани за потребите на народните кујни во Македонија. За цената на билетот, посетителите добиваа можност да вкусат автентично главно јадење, десерт и пијалак. Денот беше збогатен и со содржини за целото семејство, со многу музика и забава, а за децата имаше едукативни и интерактивни игри. Погледнете ги фотографиите кои ги направи тимот на Среќа МК …

Прегледи:
653
Објавено на:
05.06.2016