Категории

Се одржа најголемиот настан за млади бармени во светот MONIN CUP за прв пат кај нас

Натпреварувањето за професионални бармени MONIN CUP, за прв пат се одржа кај нас. Ова е натпреварување за професионални бармени каде што тие употребувајќи ги производите на MONIN создаваат уникатни Монин коктели и притоа  се оценува нивната креативност, техника, педантност и уникатност.

На Монин купот кој се одржа на 4-ти март во Insta Café се пријавија 18 натпреварувачи и тие пред стручното жири и публиката ги претставија своите уникатни коктели. Оценувањето и дегустациите на коктелите помина во одлична атмосфера, а најдобриот натпреварувач се квалификуваше за главниот настан MONIN CUP 2020 кој ќе се одржи во Париз.

Ова се десетте најдобро рангирани учесници и нивните бодови:
1. Пеевски Васил – 281
2. Блажев Томи – 263
3. Цоневски Никола – 252
4. Лазов Тасе – 250
5. Новиќ Даниел – 245
6. Зибери Денис – 244
6. Богдански Љубен – 244
7. Стојмановиќ Никола – 239
8. Трајков Никола – 226
9. Дафилов Мики – 219
10. Ефтимов Кристијан – 217

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Monin Makedonija (@monin_mk) on


„Ова е најголемиот настан за млади бармени во светот во кој учесниците може да имаат најмногу 27 години. Иако имаше 18 натпреварувачи, бармените во Македонија меѓусебно се познаваат и овој натпревар повеќе изгледаше како пријателско дружење каде што секој од нив ги покажа своите квалитети. Желбата за победа беше присутна кај секого, а особено ме радува што имаше многу бармени кои за прв пат учествуваа во натпреварување и поминаа одлично.

Ова е доказ дека барменството во Македонија полека, но сигурно станува сериозна професија, а не само моментална работа додека не се заврши факултет или додека не се најде друго занимање.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Monin Makedonija (@monin_mk) on


Коктелите кои ги направија бармените беа уникатни украсени со многу интересни декорации. Главниот натпревар се одржува секогаш во првата недела од декември. MONIN CUP се одржува на секои две години, така што наредниот натпревар од овој вид ќе се одржи во 2022 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Monin Makedonija (@monin_mk) on


Пресреќни сме поради сите позитивни коментари на сметка на првиот MONIN CUP во Македонија. Поради моето претходно искуство во многу барменски натпревари, слободно можам да кажам дека натпреварот се одржа на високо ниво и организацијата беше одлична“, вели Александар Цветковски, претставник на Монин Македонија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Monin Makedonija (@monin_mk) on


Следниот MONIN CUP ќе се одржи во 2022 година, а дотогаш подготвувајте рецепти за уникатни Монин коктели и да го обоиме светот со Монин вкусовите!

Прегледи:
888
Објавено на:
13.03.2020