Категории

Се огласи менаџерот на Шумахер: Време е за правата вистина

Вили Вебер, поранешниот долгогодишен менаџер на Михаел Шумахер го критикувал неговото семејство бидејќи не сака да открие каква е здравствената состојба на седумкратниот првак во Формула 1.

Вебер одлично го познава Шумахер со оглед на тоа што со него работел од јуниорските денови па се до 2012 година.

-Веќе подолго време зборувам дека семејството на Шумахер не ја кажува целата вистина. Крајно време е да ја соопштат на целата јавност и на сите негови поддржувачи, изјавил Вебер за германски Бунте.

-Секогаш кога ќе ми заѕвони телефонот се надевам дека ќе го слушнам него…надежта умира последна, додал Вебер.

Прегледи:
248
Објавено на:
21.01.2017