Категории

Се отвора „Еснаф“ – првата продавница за рачни изработки и лансирање на првата платформа за развој на мали занаетчиски бизниси

„После година и нешто креативна дружба, разни базарчиња и базаришта, и секако работилници, многу долги непроспиени ноќи, непредвидливи ситуации и дешавки, со огромно задоволство и чест ве покануваме на отворањето на: Првата продавничка за рачни изработки иии лансирањето на првата платформа за развој на мали занаетчиски бизниси – ЕСНАФ!“ – велат од Еснаф.

Во продолжение ви го пренесуваме во целост нивното соопштение:

Пресреќни сме и стартуваме со производи од 50тина занаетчии, а нивниот број многу брзо ќе се зголеми. Ова е нашето место, местото на сите занаетчии и ракотворци. Заедно настапуваме под брендот Еснаф. Бренд кој ќе стане симбол на нашата традиција и култура!

Бескрајно сме благодарни на сите кои што веруваа и ја поддржаа оваа идеја:

• Блаже Аризанов – првиот кој го препозна потенцијалот во нас, кој го следи секој наш чекор, мудро и строго нè менторира. ( прочитајте обавезно Белиот Трофеј – го има сето она што ви треба за упорност и истрајност :);
• Среќа Мк / Srekja Mk и Happiness.marketing – кои го промовираа и поддржаа секој наш среќен чекор;
Radio Fortuna 96.8fm за поддршка и реклама на сите наши настани;
• Паблик / Public и СЕН, кои нè воведоа на правиот пат во социјалното претприемништво;
• Билјана Лончар – бизнис жениште, сила енергија и мотиватор невиден, и да ментор. Со нас ја остварува нејзината желба од детството, која се реализира во идејата на Еснаф;
• Билјана Аврамоска и Деница Филипова, тимот кој ја живее мисијата на Еснаф!

И секако најголема благодарност до занаетчиите и ракотворците!

Дојдете сите заедно да наздравиме и да го означиме отворањето на Еснаф!