Категории

Се отвори Sara Fashion MEGA STORE – најголемата Сара Фешн продавница на Балканот!

Сара Фешн, оваа среда, 26ти август, ја отвори својата најголема продавница на Балканот! Оваа продавница гордо го завзема своето прво место во листата од над 60 продажни места на компанијата ДеТа во Македонија, Србија и Косово.

Sara Fashion MEGA STORE има се што ви треба на едно место.

Се наоѓа во ГТЦ Скопје, приземје, веднаш од левата страна од влезот плоштад “Македонија“, а во неа можете да изберете од големиот и богат избор на производи, долна облека, пижами, чорапи, хулахпки, костими за капење и акцесоари.

Освен производите на Сара Фешн, во овој Сара Фешн Мега Стор можте да одберете и од производите на светските брендови чии ексклузивен застапник е токму ДеТа, а тоа се одличните производи на Penti, NBB и DAGI.

Се радуваме што во пресрет на 21-от роденден на Сара Фешн, можеме да прославиме со отворање на најголемата продавница на Сара Фешн на Балканот. Создаваќи мода која е достапна за сите наши поторшувачи сите овие години го креираме најдоброто за своите клиенти и одговараме на сите нивни потреби. Затоа, фантастичните понуди и производи од нашиот бренд Sara Fashion ги дополнивме со понудата на производите на Penti, NBB и DAGI и ја создадовме Сара Фешн Мега Стор, се што ви треба на едно место со една цел, најдоброто за вас! – изјавија од менаџментот.

Ве повикуваме да уживаме во шопингот во најголемата СФ продавница со специјална понуда која трае само првите четири дена од отворањето, т.е. од 26ти до 29ти август со дополнителни -20% на веќе намалените костими за капење до -50% како и омилените попусти до -50% од SF SUPER SALE акцијата!

Погледнете ги деталите за целата понуда и отворањето на нивните официјални профили на Facebook и Instagram, а повелете во СФ Мега Стор да ги одберете вашите омилени модни парчиња долна облека.

 

 

Прегледи:
773
Категории:
Uncategorized · Настани · Скопје
Објавено на:
27.08.2020