Категории

ФОТО: Се ожени турскиот Бред Пит

Атрактивниот турски актер Киванч Татлитуг, најпознат по сериите „Ѓумуш“, „Притаени страсти“ и „Снегови на љубовта“ се венча со модната стилистка Башак Дизер по две години врска.

На скромната церемонија присуствувале педесеттина членови на семејството и пријатели на кои младоженецот им платил авионски карти и тридневен престој во Париз. Кум на венчавката бил Керем Чатај, продуцент на серијата на чиј сет Киванч и Башак и се запознале.

Свадбената забава била приредена во раскошната сала во луксузниот париски хотел „Шангри Ла“, од чија тераса се пружа прекрасен поглед на Ајфеловата кула.

Младенците го започнале медениот месец во познатиот хотелски апартман „Суит империјал“ во кој отседнуваат Мадона и Џенифер Лопез, а кој за три дена престој ги чинело 15.000 евра. Иако со камери „вооружените“ новинари стрпливо чекале пред амбасадата и хотелот, сепак малку успеале да снимат.

kivanc-02

Непосредно пред свадбата, во многу таблоиди се појавила веста дека мајката на младоженецот Нуртен нема да биде на венчавката бидејќи е незадоволна од изборот на синот.

Мајката тоа го демантирала објаснувајќи дека венчавката била закажана пред неколку месеци и дека поради сложената организација датумот не можел да се менува, а дека нејзината здравствена состојба се влошила, па морала да се откаже од патот за Париз.

Сепак, Киванч направил сè за мајка му поради тоа да не биде тажна: благодарение на најсовремената технологија таа во живо ја следела венчавката на својот син.

Во меѓувреме, во медиумите се појави сомнеж дека мајката на венчавката не дошла поради лошата здравствена состојба. Имено, воочиле дека Нуртен Татлитуг, која инаку е многу активна на Фејсбук, на младенците не им упатила честитка преку социјалните мрежи.

Прегледи:
1076
Објавено на:
24.02.2016