Категории

Се породи Ана Ивановиќ, еве како ќе се вика синот

Поранешната српска тенисерка Ана Ивановиќ се породи денеска во Чикаго и на свет донесе здраво машко дете, објавија медиумите.

Ивановиќ се породила во текот на ноќта, а со нејзиниот сопруг, поранешниот германски фудбалски репрезентативец Бастијан Швајнштајгер одлучиле нивниот син да се вика Лука.

На социјалните мрежи за спортската двојка која е две години во брак пристигнуваат честитки од сите страни.

Прегледи:
402
Објавено на:
18.03.2018