Категории

Се продава моќното Порше на Пабло Ескобар: Погледнете како изгледа! (ФОТО)

Единствениот тркачки Порше 911 Карера 3.0 РСР, кого во 1974. година на Интернационалната трка на шампиони (ИРОЦ) го возел двократниот Инди 500 и Формула 1 шампион Емерсон Фитипалди, по неколку промени на сопственици, својот тркачки живот го завршил во колекцијата на колумбискиот “крал на кокаинот“ Пабло Ескобар.

Автомобилот имал прилично активен тркачки живот помеѓу 1974. и 1978. година, со оглед на тоа дека наследниците на Фитипалди се натпреварувале на бројни трки на американскиот континент, од кои се најпознати трките на издржливост „24 Hours of Daytona“ и „12 Hours of Sebring“.

Ни Ескобар не го користел автомобилот само за сликање, бидејќи и сам го визел на бројни трки ширум Колумбија.

Подоцна, автомобилот е вратен во првобитната состојба, па сега изгледа како на времето кога Фитипалди го возел во 74-та. Се наоѓа во САД и овие денови е огласен за продажба од страна на аукциската куќа „Collecting Cars“.

Прегледи:
848
Категории:
Автомото · Спорт
Објавено на:
08.10.2021