Речиси и да нема тинејџер кој во текот на 2002/2003 не ги следеше „Млади бунтовници“.
Пред 14 години сите имавме по некој омилен лик од тинејџерската серија и од четирите главни ликови кои ја направија незаборавна. За Миа или Лусиана Лопилато, често се пишуваше по медиумите особено откако стана мајка, но за нејзината колешка Марица, односно Kамила Бордонаба има малку податоци. Имено, актерката вчера на 4-ти септември наполни 32 години, но нејзиниот лик воопшто не е променет. Камила има свое училиште за глума, а работи и како радио водител. По млади бунтовници таа се појави во уште неколку серии, а еве го нејзиниот изглед денес!