Категории

Се сеќавате на идејата за автобус кој вози над метежот? Епа, сега е реалност!

Кинеските инженери го исполнија сонот на сите оние што реагираат на растечкиот сообраќаен метеж  конструирајќи автобус на спрат, возило на иднината кое се движи над постоечкиот сообраќај по патиштата.

Возилото излезе на успешно прво пробно возење, само неколку месеци по најавата. Инвеститорите ја изненадија јавноста со тоа што го направија необичниот автобус за помалку од еден месец.

Тој вози на струја и сончева енергија која ја собира со помош на плочите на кровот. Целото возило е дизајнирано така што целосно може да го искористи просторот на улицата. Возилото е долго 22 метри, а широко 8 метри, при што покрива неколку сообраќајни ленти. Во едно возило може да се превезуваат 300 патници, но понатамошните планови се тоа да работи на начин како подземната железница при  што неколу автобуси ќе се спојуваат во едно возило за јавен превоз.

Автобусот развива брзина од 60 км. на час, а би требало да биде 80 отсто поевтин од метрото. Во текот на пробното возење била тестирана потрошувачката на енергија и кочењето. Иако првото возење не е направено во реални услови на пат, првите патници биле задоволни од возењето, јавува РТ.

Сепак, мислењето за практичното функционирање на автобусот се уште е поделено. Едни велат дека автобусот ќе го олесни превозот, додека други пак го проблематизираат движењето на камионите и комбињата кои се повисоки од автомобилите.

Прегледи:
476
Објавено на:
03.08.2016