Категории

Се сеќавате ли на зелениот кармин кој станува црвен

Кога се појави во ’80-те години стана хит меѓу девојките и жените во Југославија. Магичниот кармин, како што многумина го нарекуваа, беше најпродаваниот производ пред 3 децении.

Речиси секоја југословенка го имаше во чантата, а за неговата трајност се зборува до ден денес. Не се вадеше со денови. Не помагаа ниту вода, ниту сапун, па дури ни грубото триење со пешкир.

Сепак, оваа сјајна опаковка многумина ќе ги потсети на детството кога ќе ја отвореа, ќе се намачкаа, без да знаат дека таа нивна глупост од љубопитност ќе има црвени последици со денови. И сега е достапен карминот во продажба меѓутоа многу тешко можете да го најдете, за разлика од денешните долготрајни кармини кој чинат повеќе од 1000 ден овој е многу поефтин и чини околу 50ден.

Прегледи:
1464
Објавено на:
09.03.2016